top of page

УСЛУГИ

Во LittleBig Founders веруваме дека секое дете заслужува можност да го открие својот потенцијал и да гради светла иднина. Затоа нудиме широк спектар на услуги кои се дизајнирани да поттикнат креативност, самодоверба и претприемачки дух кај децата и младите, како и да ги вклучат родителите како клучни партнери во нивниот развој.

Нашите кампови обезбедуваат интерактивно и забавно учење, родендените ги претвораат специјалните денови во инспиративни искуства, а детскиот инвестициски план помага во градење финансиска писменост и сигурна иднина. Дополнително, организираме обуки за родители за да им помогнеме да станат најголемите поддржувачи на своите деца, семинари на актуелни теми за личен и професионален развој, како и ексклузивниот LittleBig Founders Клуб, кој овозможува континуирано надградување на знаењата и вештините.

Сите наши услуги се дизајнирани со една цел – да ја поттикнеме следната генерација лидери, креатори и претприемачи. Придружете ни се и заедно ќе создадеме иднина полна со можности!

1

КАМПОВИ
за сите возрасти

Претприемничките кампови нудат потполно искуство каде што младите иноватори се впуштаат во светот на бизнисот и креативноста. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практични активности, учесниците ги учат основите на започнување и развивање на бизнис. Под водство на искусни ментори, учесниците развиваат вештини за решавање проблеми, способности за лидерство и силен претприемнички менталитет, без разлика дали создаваат производ, дизајнираат маркетинг стратегија или презентираат идеја.

2

РОДЕНДЕНИ

Уникатна услуга за организирање роденденски забави кои се и забавни и едукативни! Со фокус на креативност, тимска работа и иновации, нашите роденденски забави се дизајнирани да ги инспирираат децата додека уживаат во својот специјален ден.

Секоја забава е прилагодена на возраста и интересите на славеникот и неговите гости, со активности кои вклучуваат интерактивни игри, креативни работилници и мини претприемачки предизвици. Просторот на училиштето е опремен за да обезбеди безбедна и инспиративна атмосфера, додека нашиот професионален тим се грижи за целосната организација, од декорации до активности.

3

ДЕТСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПЛАН

Единствена услуга за детски инвестициски план, која е дизајнирана да ги поттикне децата да штедат и да создадат финансиска основа за својата иднина. Во соработка со реномирана финансиска институција, создадовме модел што овозможува отворање на посебен фонд за секое дете, кој ќе се полни со приходите што детето ќе ги заработи во рамки на претприемачката програма. Овој фонд ќе се чува и расте сотекот на времето, додека детето учи како да управува со своите финансии и ги развива своите претприемачки вештини. Средствата од фондот ќе бидат достапни кога детето ќе наполни 18 години и ќе можат да се користат за различни цели, како што се започнување сопствен бизнис, инвестирање во нови проекти, или покривање на трошоците за високо образование.

4

РОДИТЕЛСКИ КРУЖОК
за сите родители и старатели

Нашето училиште во рамки на Родителскиот кружок нуди обуки за родители, водени од врвен психолог и психотерапевт со долгогодишно искуство. Обуките им помагаат на родителите да ги разберат потребите на своите деца, да ги поддржат во градење самодоверба, креативност и претприемачки дух, и да создадат инспиративна средина за нивниот успех. Преку практични совети и интерактивни сесии, родителите стануваат клучни партнери во развојот и напредокот на своите деца.

5

СЕМИНАРИ

Нашето училиште организира семинари на различни теми, осмислени да понудат инспирација, знаење и практични вештини за децата, родителите и младите претприемачи. Темите ги опфаќаат клучните области од личен и професионален развој, како што се креативноста, лидерството, управувањето со време, финансиската писменост, дигиталниот маркетинг и многу повеќе.

Семинарите се водени од искусни предавачи и експерти од различни области, со интерактивен пристап што овозможува активно учество и размена на идеи. Учесниците добиваат практични алатки и перспективи кои можат веднаш да ги применат во своето секојдневие или работа.

6

LittleBig Founders КЛУБ

Ексклузивна заедница за сите учесници кои успешно завршиле некоја од програмите на нашето училиште. Овој клуб претставува место каде што членовите продолжуваат да го надградуваат своето знаење, вештини и претприемачки дух преку дополнителни активности, интерактивни сесии и заеднички проекти.

Клубот работи активно и преку летниот период, обезбедувајќи континуитет во учењето и можност за практична примена на стекнатите знаења како што се тематски работилници, менторски сесии со експерти и тимски предизвици, што дополнително ги поттикнува нивната креативност, критичко размислување и лидерски способности.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ !

На следниот формулар може да се пријавите за некоја од услугите или да добиете повеќе информации.

Благодариме за пораката.

+389(0)70800651

Бул. Партизански Одреди 6/1 Скопје, Македонија

Регистрирајте се на нашиот електронски билтен

Final logo LittleBig Founders BEZ POZADINA FINAL_edited.png
bottom of page